Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинците на ФК Вардар со најмногу победи и постигнати голови, додека пом.пионери со најдобра одбрана од вардаровите генерации
Младинците на ФК Вардар со најмногу победи и постигнати голови, додека пом.пионери со најдобра одбрана од вардаровите генерации

Младинците на ФК Вардар со најмногу победи и постигнати голови, додека пом.пионери со најдобра одбрана од вардаровите генерации

Зад нас е есенскиот дел во првенството на младинските фудбалски категории, каде активни се четири генерации на Вардар. Две од нив завршија на првото место во есенскиот дел од сезоната, една на второто место и една на седмата позиција.

Што се однесува до статистичките податоци, најмногу победи од сите имаа младинците на Вардар, кои успеаа да остварат дури 11 триумфи од 14 одиграни натпревари, или вкупно освоија 34 бодови. После нив следуваат помладите пионери кои забележаа 9 победи и имаа 29 освоени бодови, како и пионерите кои завршија со 8 победи и со еден бод помалку од помладите пионери, вкупно 28 бодови за повозрасните пионери.

Идентичен е редоследот и според тоа кој успеа да постигне најмногу голови. Младинците на Вардар и по овој статистички податок се најдобри со 39 погододи, пом.пионери со втори со 32 гола, додека пионерите имаа 31 погодок, а кадетите се последни со само 16 постигнати голови. Што се однесува до тоа кој ја имаше најдобрата одбрана, тука најдобри се помладите пионери кои примија само 9 голови на 14 одиграни натпревари. Следуваат младинците со 11 примени голови, како и пионерите со 15 погодоци, додека кадетите примија најмногу голови во својата мрежа, вкупно 21.

Не очекува интересен пролетен дуел, на кој пионерските екипи треба да ги одбранат првите места, додека младинците да го нападнат врвот, а за кадетите да можат да бидат што подобро пласирани на крајот од сезоната.