Thursday ,28 May 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во кои периоди од натпреварите, вардарци постигнуваа и примаа голови
Во кои периоди од натпреварите, вардарци постигнуваа и примаа голови

Во кои периоди од натпреварите, вардарци постигнуваа и примаа голови

Во период кога нема натпревари во ПМФЛ поради ситуацијата со корона вирусот, ќе ви изнесеме и статистика за првиот тим на Вардар, што се однесува до периодите кога постигнуваме и примаме голови.

Вардар го има вториот најдобар напад во лигата, со вкупно 33 постигнати голови. Што се однесува до ефикасноста, момците на Васоски постигнае повеќе голови во вториот дел од натпреварите во ПМФЛ. Најмногу по 5 голови имаме во периодите од 51-60 минута и од 71-80 минута. По 4 погодоци црвено-црните имаат во интервалот од 11-20, 31-40, 41-50 и од 61-70 минута. Во првите десет минути од дуелите имаме само еден погодок, додека од 21-30 минута сме постигнале 2 гола.

Нашиот тим ја има најдобрата одбрана, со само 14 примени голови. Статистиката кажува дека 6 гола сме примиле во првиот, додека 8 голови во второто полувреме од натпреварите. Најмногу голови имаме примено во периодот од 61-70 минута, вкупно 4 гола паднале во нашата мрежа, додека нашата мрежа единствено мирувала во интервалот од 51-60 минута.