Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Во кои периоди од натпреварите, младинците на ФК Вардар постигнуваа и примаа голови
Во кои периоди од натпреварите, младинците на ФК Вардар постигнуваа и примаа голови

Во кои периоди од натпреварите, младинците на ФК Вардар постигнуваа и примаа голови

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар после 16 одиграни кола во младинската супер лига се наоѓаат на 6.место на табелата со вкупно

Што се однесува до статистика во однос на постигнати и примени голови, оваа генерација на Вардар има постигнато 12 голови во првата, односно 15 погодоци во втората половина од мечевите во лигата. Интересно 5 голови имаме во почетните десет минути од мечевите, додека најмногу, 6, во периодот од 11-20 минута. Статистиката вели, дека најмалку ефикасни сме од 21-30 минута, кога не сме постигнале ниту еден гол во противничките мрежи, како и од 31-50 кога имаме само два погодоци. По 4 голови, вардаровите младинци имаат дадено во периодот од 51-60, како и од 61-70 минута, додека по 3 голови сме постигнале од 71-80 и во последните десет минути од натпреварите.

Во однос на примените голови, може да се каже, дека подеднакво голови имаме примено во двете полувремиња, односно 13 во првото и 12 голови во вториот дел од мечевите. Нашата одбрана била „најранлива“ во периодот од 61-70 минута, кога имаме примено 6 голови, како и во првите десет минути од дуелите, кога нашата мрежа ја треселе во четири наврати. Само еден гол имаме примено од 11-20 минута.