Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити соопштение : Одиме во Штип ! Цена 100/150 денари
Комити соопштение : Одиме во Штип ! Цена 100/150 денари

Комити соопштение : Одиме во Штип ! Цена 100/150 денари

Комити Скопје со соопштение на својот веб-сајт  по повод гостувањето во Штип :

Паузата во Македонското првенство поради настапите на Македонската репрезентација не беше причина мал дел од нашата група да биде активна на трибините и да присуствува на пријателскиот натпревар одигран во Ниш меѓу Раднички и Вардар. Нивниот пример треба да го следиме сите кои го сакаме Вардар и сме членови на Комити. Следен град на нашата мапа за гостински натпревари е Штип со гостување против екипата која сеуште ни е должник од минатогодишната сезона.

Брегалница во првиот дуел беше совладана на најсладок начин во последните секунди од натпреварот, а остана без бодови и на дуелот во Скопје. Останува да му помогнеме на нашиот клуб во борбата за добивање на максималните бодови против лутиот ривал во оваа сезона, а гледајќи ја играта на Вардар во последните натпревари, ќе треба навистина да бидеме нивен 12-ти играч кој ќе им ја донесе победата од ова тешко гостување. Имаш Вардар ти, верни Комити, каде одите, ние со вас сме, НАПРЕД ВАРДАРЕ…
Одиме во Штип!!!

СОБИР 12:00ч на железничка.
Цена со членска 100 денари, без членска 150