Утре во Штип ФК Вардар ќе се обиде да дојде до третата победа на третото гостување оваа пролет против тимот на Брегалница. На кормилото на тимот од Штип е искусниот прволигашки тренер Влатко Костов. Истиот воедно е и поранешен фудбалер на Скопските црвено-црни чии дрес го носеше во периодот 1990 до 1993 година и успеја да ја освои првата домашна титула со Вардар . Костов има големо тренеско искуство можеби и е најкомплетниот тренер кој моментално води тим во ПМФЛ . Во кратката изјава за мечот утре Костов за нашиот сајт вели :
- Би сакал пред се на утрешниот натпревар да победи фудбалот . Очекувам и посакувам фер и коректен натпревар на двете екипи . Со коректно навивање на двете големи навивачки групи кој ќе бидат присутни на градскиот стадион во Штип.
Генерацијата на која Костов беше член !
На утрешниот натпревар во овој најголем град на истокот на земјава, ќе присустуваат како што најавија со соопштение и Комити, верната Вардарова сенка на сите натпревари во нашата најсилна фудбалска конкуренција .
Михајло Тушевски