Wednesday ,24 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Александра Вељаноска-големата надеж на Жрк Вардар
Александра Вељаноска-големата надеж на Жрк Вардар

Александра Вељаноска-големата надеж на Жрк Вардар

Александра веќе три години го носи дресот на Вардар. Игра за кадетската и младинската екипа на Жрк Вардар. Започнува да тренира ракомет на девет години во О.У. Љубен Лапе. Нејзин прв тренер е моменталниот предводник на првата екипа, Индира Кастратовиќ, а потоа и нејзиниот сопруг Зоран Кастратовиќ. Во нејзиното семејство редовно се следеле ракометни напревари и други спортови, но на Александра посебно и се допаднал ракометот и решила да се занимава со овој спорт. Четири години тренирала во ракометната школа на Кастратовиќ. Има 16 години и успешно ги брани црвено-црните бои. Александра е една од најефикасните ракометарки во кадетската и младинската екипа на Вардар. Тоа беше препорака  за Кастратовиќ да и даде шанса во првата екипа. На 15 години дебитира за првиот тим на Вардар, а оваа сезона запиша четири настапи во Супер лигата.

11134275_899862010066090_1527638026_n

 

Минатата година беше дел од пионерската репрезентација, а оваа година се наоѓа на поширокиот список на селекторот Јулијана Дамчевска за Македонската кадетска репрезентација. Се надеваме дека ќе ја гледаме Анастасија на кадетското европско првенство што во месец август ќе се одржи во Скопје. Со кадетската екипа на Вардар го освои првото место на турнирот организиран од својот клуб Вардар-“еден живот, една љубов“. Се работи за голема перспектива и потенцијал кој со напорна работа, во иднина може да биде една од главните сили на Жрк Вардар и Македонскиот ракомет.

Звонко Ивановски