Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Туш Зефиќ: Поминав две убави години во Вардар
Туш Зефиќ: Поминав две убави години во Вардар

Туш Зефиќ: Поминав две убави години во Вардар

Туш Зефиќ беше предводник на помладите пионерина Вардар во есенскиот дел од сезоната, каде забележа седум победи, два нерешени резултати и два порази. Исто така ги доведе до полуфиналето на купот на Македонија.

Поминав две убави години во Вардар, од јануари 2013 до јануари 2015. Предходно исто така бев дел од стручниот штаб на сениорскиот тим, пролетта 2011 год. Значи второто мое доаѓање беше на покана на Никола Илиевски-Џиџи 2013. Од многу познати причини на фудбалската јавност бевме принудени да поднесеме оставки по само три месеци работа.Сепак тогашниот извршен директор на Вардар, Горан Митев ми понуди да работам во школата што јас со задоволство прифатив. Во Вардар имав многу добри услови за работа во споредба со Македонските прилики.

Минатата сезона ја предводеше Вардаровата генерација 1998/99, со кои го освои второто место во националното првенство.

-Работев со две извонредно талентирани генерации, 1998 и 2000 год. Дека се работи за одлични фудбалери покажува и фактот што повеќето од нив се стандардни репрезентативци во својата возраст, како и фактот дека три- четворица од нив веќе дебитираа за првиот тим на пријателски натпревар на само на 16 години.

Зефиќ зимата замина да работи како тренер во Индонезија, но за жал не се задржа долго време во таа средина. Сега е координатор во младинските школи на Македонија Ѓ.П.

-Во потрага за подобро патот ме однесе во Индонезија. Но за моја несреќа многу кратко траеше, затоа што сопственикот на клубот после одредени проблеми со бизнисот се повлече од клубот и ние моравме да се вратиме дома. Од пред 25 дена работам како раководител на фудбалските школи на Македонија Ѓ.П, изјави Туш Зефиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски