Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Марко Стојилевски го имаше првиот официјален натпревар во дресот на Вардар
Марко Стојилевски го имаше првиот официјален натпревар во дресот на Вардар

Марко Стојилевски го имаше првиот официјален натпревар во дресот на Вардар

ФК Вардар стигна до уште една важна победа, во борбата за пласман во ПМФЛ од следната натпреварувачка сезона. Црвено-црните вчера успеаа на градскиот стадион во Велес да бидат подобри од екипата на Борец (0:3).

Сезонава, Вардар промовира неколку млади играчи во сениорската екипа. После Давор Серафимов, Ѓорѓи Дошев и Горјан Цветков, своето деби на официјален натпревар го имаше стоперот Мрко Стојилевски (2005).

Стојилевски е актуелен репрезентативец на македонската репрезентација до 19 години, играчот беше и дел од подготовките во Охрид со сениорската екипа на Вардар пред почетокот на актуелнава сезона. Се работи за голем потенцијал и надеж, не само на Вардар, туку и на македонскиот фудбал.