Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ја заврши сезоната со најефикасен напад и најдобра одбрана
ФК Вардар ја заврши сезоната со најефикасен напад и најдобра одбрана

ФК Вардар ја заврши сезоната со најефикасен напад и најдобра одбрана

Фудбалскиот клуб Вардар е старо-нов шампион на Македонија. Сезонава на убедлив начин со 13 бода позитива завршивме како лидери по одиграните 36.кола пред тетовска Шкендија. Покрај ова нашиот тим ја имаше и најдобрата одбрана која го красеше цело првенство, и најефикасниот напад категорија во која малку подоцна избивме на врвот, но го задржавме до последното коло од лигата.

Одбраната е најсилно оружје на црвено-црните сезони наназад таа ни овозможи нова 11-та титула или третта по ред во првата македонска фудбалска лига. Вкупно на 36 меча примивме само 24 погодоци во нашата мрежа. Во просек примавме 0,66 погодоци на еден натпревар, или примавме само два погодоци на одиграни три првенствени натпревари во шампионатот.  Втората позиција на оваа листа ја држи ФК Пелистер кој заврши на 4.место со дури 9 гола повеќе од нас односно тие примија 39 гола во шампионатот. Кај офанзивата постигнавме 75 гола, или во просек погодувавме над двапати на меч, односно имаме просек од 2,083 постигнати голови по одигран дуел. Втори зад нас беа тетовчани, Шкендија постигна 71 гол што не беше доволно да бидат конкурентни и оваа сезона на скопските црвено-црни. Првенството го завршивме доминантно со 51 гол позитивана гол разлика, или постигнувавме 1,42 голови повеќе од противникот во дуелите. Листата со сите стрелци може да ја погледнете на нашиот сајт-овде.