Вo недела ФК Вардар e домаќин на екипата на Македонија Ѓорче Петров, тим кој е “отпишан“ и веќе е второлигаш. За овој дуел главен делител на правдата во денешното ждребување во Фудбалската федерација на земјава е одреден охриѓанецот Марјан Маркоски.
Избраниците на Гоце Седлоски имаат прилика уште во недела да станат старо – нови шампион на Македонија. Со победа уште во ова коло ќе ја обезбедиме 11-та титула во нашата 70 годишна историја или 10-та во македонскиот фудбалски шампионат.