Вардарки напладне пристигнаа во Будимпешта, девојки на Дибирова се третиот тим што пристигна во хотелот Акуинкум каде ќе бидат сметени четирите екипи кои ќе се борат за “европското злато“. Во наредниве два дена нашиот тим ќе биде дел од завршниот турнир на најдобрите четири екипи во лигата на шампиони. Во комплетен состав отпатувавме за Унгарија, каде ќе се бориме за првиот трофеј во најголемото ракометно натпреварување. Утре наш противник во полуфиналето ќе биде екипата на ЦСМ Букурешт од Романија. Натпреварот се игра со почеток од 17:45 часот.