Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ го продолжи договорот со Вардар за уште две години
Карачиќ го продолжи договорот со Вардар за уште две години

Карачиќ го продолжи договорот со Вардар за уште две години

Одлична вест ни пристигна од тимот на РК Вардар, а тоа е дека  и  следните две сезони ќе го има во своите редови средниот бек Игор Карачиќ. Хрватскиот репрезентативец и црвено-црниот тим се договорија продолжување на соработката до 2019 година.

Карачиќ е еден од играчите на кои им завршуваа договорите сезонава, и клубот веќе преговара со сите за нивно останување во Скопје. Карачиќ дојде во Вардар уште во 2012 година и е еден од играчите што е најдолго во тимот и дел од најголемите клупски успеси, трите титули во СЕХА лигата и четирите настапи во четврт-финалето на ЛШ и првото учество на Ф4 турнирот во ЛШ. За ова продолжување на договорот, Давор Стојаноски извршниот директор на Вардар вели:

-Задржувањето на тимот што ги постигна најголемите успеси на клубот е приоритет на Вардар и ќе сториме сѐ да ги имаме истите играчи што успеаја да стигнат меѓу најдобрите четири во Европа. Игор Карачиќ е еден од најпрепознатливите играчи на Вардар, и миленик на публиката. Заедно со Игор секоја сезона одиме чекор напред и верувам дека и во следниот период ќе имаме шанса за заедничка радост-изјави Стојаноски.