Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова- Со мислите сме фокусирани на Букурешт, подоцна ќе рaзмислиме за понатака
Дибирова- Со мислите сме фокусирани на Букурешт, подоцна ќе рaзмислиме за понатака

Дибирова- Со мислите сме фокусирани на Букурешт, подоцна ќе рaзмислиме за понатака

Вардар  е еден од фаворитите за европската круна сезонава на завршниот Ф-4 турнир во Будимпешта. Нашите девојки денес стигнаа во Будимпешта тие се оптимисти за она што ги очекува утре и в недела. На клупата е Ирина Дибирова, која има историска шанса да биде прва дама која  освоила европска титула како играч и како тренер. Таа денес по присигнувањето за она што ги очекува неа и девојките вели:

Најважно е како ќе одиграме ние. Се подготвуваме, и знаеме дека ЧСМ е квалитетна екипа. Не е важно со кого играме, зашто сите што се тука се квалитетни и силни. Треба да се фокусираме на нашата игра. Имавме некои падови и подеми во играта во минатото, но сметам дека можеме и знаеме како да одиграме константно во текот на еден натпревар. Сега не интересира само ЧСМ Букурешт, а потоа ќе мислиме што натаму. Посакувам утре да одиграме добро како тим и техничките грешки да ги сведеме на минимум. Сите знаеме што значи овој меч и треба да одиграме силно-изјави Дибирова.