Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Херем избрана во “Ол стар“ тимот на сезоната во ЛШ
Херем избрана во “Ол стар“ тимот на сезоната во ЛШ

Херем избрана во “Ол стар“ тимот на сезоната во ЛШ

Девојките денес пристигнаа во Будимпешта каде овој викенд ќе го одиграат четвртиот по ред завршен Ф-4 турнир во Лигата на европски шампионки. И оваа сезона четврта  по ред од нашиот црвено-црн женски ракометен колектив  има најмалку по една ракометарка што е во изборот на најдобрите седум во женската лига на шампионите. Годинава во иделаната постава односно Ол стар тимот се најде   левото крило  на црвено-црните, Камила Херем.

89

Таа доби  најмногу гласови од публиката, односно навивачите. Во изборот за иделниот тим вкупно шест ракометарки на Вардар беа во конкуренција: Амандин Лејно, Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ, Андреа Пенезиќ, Камила Херем и Александра Лакрабер. Од Вардар  три ракометарки биле избирани во најдобрата постава на сезоната во ЛШ, а само Јованка Радичевиќ двапати го добивала ова индивидуално признание. Во сезоната 2013/2014 во Ол стар тимот тоа беа Јованка Радичевиќ и Ана Ѓокиќ, потоа во 2014/2015 во изборот беше Сираба Дембеле, а минатата сезона по вторпат меѓу најдобрите седум беше  Радичевиќ.