Во дербито на колото, Вардар и Шкендија во еден супер натпревар полн со шанси, одиграа 2:2. Вардар може да биде задоволен со овој резултат бидејќи на пауза заминува со осум бодови предност, од друга страна може и да жали бидејќи денеска беше подобар тим и повеќе ја заслжи победата, а во тимот му недостастуваа и два стандардни првотимци во одбраната.
По првиот Вардар и Шкендија играа 1:1. Вардар поведе, а Шкендија израмни во 35.минута од натпреварот. Лидерот го отвори натпреварот одлично, имаше посед, неколку добри шанси за гол. По првите 15.минута за одбележување беа две шанси на Вардар преку Адем од далечина и Ибиши со глава, но и двете над голот на Захов. Шансите за Вардар се редеа, во 21.минута Жуниор упати еден опасен центаршут, но немаше кој да ја зафати топката. Во 27. минута Матеј Цветаноски беше соборен во шеснаесетникот на Шкендија и заслужено беше досуден пенал за Вардар. Дарко Мицевски ја зеде топката, биеше горе десно многу прецизно, Захов ја погоди страната но немаше шанси. Во 33. минута Жуниор пропушти 100% шанса за нов гол и двојна предност. Во соло продор, ја претрча цела одбрана на гостите, но на крајот биеше само во голманот Захов и пропадна оваа шанса. Следуваше казна, во 35.минута Имери со одличен прецизен удар одкосо биеше за 1:1. До крајот на првиот дел и Серафимов се обиде со глава од корнер, но само над голот на Захов.
Вториот дел не можеше да започне подобро за Вардар. Во 53.минута Цветаноски преку контра повлече, му додаде супер пар на Али Адем, кој истрча над 15.метри, биеше крајно прецизно по земја за голема радост и водство на нашиот тим од 2:1. Во 59.минута Мицевски имаше уште една супер шанса, овој пат за трето гол, но биеше од добра позиција само покрај голот на Захов и остана 2:1. Во 65.минута Шкендија повторно се врати и повторно преку страната на Серафимов погоди Имери за нов егал, 2:2. Во ппродолжението од натпреварот, воглавно и двете екипи имаа по некоја шанса, но без промени на резултатот. Во продолжението во игра влезе и Попзлатанов на местото на Серафимов. Во 80.минута Шкендија имаше добра закана и за 2:3, но по среќа на Вардар, без успешен финиш. Во последните десет минути, Вардар беше подобар тим, но остана 2;2, кој беше и конечен резултат на дербито.