ФК Вардар вчера во рамките на седмото коло од првата лига гостуваше кај тимот на Ренова во село Боговиње. За жал нашите момци овој меч го одиграа без голови 0:0.
По поразот на Слога во ова коло кај Силекс во Кратово нашите црвено – црни останаа единствен непоразан тим во најсилната домашна фудбалска конкуренција. Вардар повторно и по ова коло ја има најдобрата одбрана со само 4 примени гола , вториот најефикасен напад во лигата и најдобрата гол позитива од 15+ голови , но сепак потфрливме во најважната категорија “место на табелата“. Вардар со освојувањето на само еден бод во Боговиње мораше да ја препушти лидерската позиција на тимот на ФК Шкендија која е сега на бод предност во однос на нашиот миленик. Вардар го чека тежок период во среда игра супер-куп меч со “романтичарите“ а неговиот конкурент ќе биде слободен. Во недела вардарци имат тежок дуел повторно за лигашки бодови со тимот на Работнички, а Шкендија има релативо лесен домашем меч со тимот на кратовски Силекс. Се надеваме нашите момци ќе се издигнат повторно кон врвот на табелата.