Вистински хит по социјалните мрежи е видеото од тајм-аутот на црвено – црните на вчерашниот меч во лигата на шампионите во Монпелје. Заради пад во играта и намалување на предноста шпанскиот стратег на клупата на вардарци во вториот дел побара минута одмор за да подели совети на својте избраници.
Раул кратко на почетокот со обраќа на англиски, а потоа се обраќа на својот сонародник шпанецот Алекс Душебаев со совети како да одигра на македонски јазик. Очигледен е големиот професионализам во нашиот црвено – црн ракометен колектив каде официјален јазик и покрај тоа што тимот има голем број на странци е македонскиот. За повеќе погледнете во видеото подолу.