Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > ТАБЕЛИ!! Пионерите се лидери, пом.пионери пропуштија шанса за првото место, кадетите и младинците одржуваат чекор со водечките
ТАБЕЛИ!! Пионерите се лидери, пом.пионери пропуштија шанса за првото место, кадетите и младинците одржуваат чекор со водечките

ТАБЕЛИ!! Пионерите се лидери, пом.пионери пропуштија шанса за првото место, кадетите и младинците одржуваат чекор со водечките

Три победи и еден нерешен резултат за вардаровите младински екипи во дуелите со Њу Старс, во рамките на 8.првенствено коло.

Единствени кои не освоија цел „плен“ во дуелите со Њу Старс, беа помладите пионери на Вардар кои непланирано загубија два бода. Црвено-црните на гостувањето кај Ѓорче не успеаа да слават победа и одиграа со нерешен резултат 2:2. На тој начин, Вардар пропушти шанса за момент да избие на првото место, со оглед дека дуелот на Работнички со Победа беше одложен. Така, Работнички останува лидер во помладата пионерска супер лига со еден бод повеќе, но и меч помалку од Вардар кој остана на втората позиција.

2004

Пионерите на Вардар продолжуваат со одличните игри оваа сезона, откако стигнаа и до седмиот триумф во лигата. На гостувањето во Ѓорче немаа поголеми проблеми и славеа убедлива победа со резултат 1:6. Вардар остана на првото место на табелата со 21 освоен бод и заедно со Академија Пандев кои имаат 19 бодови се издвојуваат како главни претеденти за освојување на титулата.

2003

Вардаровите кадети стигнаа и до третата последователна победа, откако во второто полувреме го скршија отпорот на Њу Старс и славеа убедлив триумф со резултат 4:0. Го одржуваме чекорот со водечкиот тим на Работнички од кој имаме само три бодови помалку, додека на 2 и 3.место се екипите на Шкендија и Академија Пандев.

2002

Младинците ја прекинаа серијата од два меча без победа и славеа на домашниот меч против Њу Старс (3:0), со погодоци во второто полувреме. Со овој триумф ги задржуваме шансите за висок пласма на на табелата, каде лидери се екипите на Шкендија  и Работнички.

75360993_2626008874293367_4037776811705237504_n