Вардар не дозволи изненадување во дуелот со Војводина и славеше со резултат 26:23. И покрај отсуството на неколку играчи, црвено-црните успеаа да стигнат до петтиот триумф во СЕХА-лигата. Сташ Скубе со седум гола беше најдобар стрелец за Вардар, а Димитар Димитриоски постигна шест гола.
Погледнете ги најитересните моменти од триумфот против Војводина.