Викендов ширум земјава стартуваа младинските кошаркарски шампионати. Вардаровите екипи одигаа неколку дуели во ова прво коло од сезоната 2019/2020 година. Дојдовме до три триумфа на почетокот, две машки екипи и една женска забележаа успех во соочувањето со противниците. Интересен факт е дека сите три дуели кои ги добивме ги одигравме како гости. Постигнатите резултати се следни:
М-15(м) ФМП- ВАРДАР 78 : 84
М-18(м) Работнички-ВАРДАР 70 : 74
M-16(ж) Спорт Тим-ВАРДАР 30 : 86