Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ТАБЕЛИ !! Генер. 2006 останува максимална, генер. 2005 го одржува чекорот за првото место
ТАБЕЛИ !! Генер. 2006 останува максимална, генер. 2005 го одржува чекорот за првото место

ТАБЕЛИ !! Генер. 2006 останува максимална, генер. 2005 го одржува чекорот за првото место

Изминатиов викенд, генерациите 2005 и 2006 одиграа ново коло во рамките на регионалната скопска лига. Нашите млади надежи славеа на гостувањето кај екипата на Сарај.

Генерацијата 2006 стигна и до десеттата последователна победа, откако славеше на гостувањето кај тимот на Сарај со резултат 0:2. На тој начин, избраниците на Филип Спасески останаа на лидерското место со 30 освоени бодови, или шест повеќе од екипите на Шкупи и Еуроспорт.

2006

Сигурна победа и за момците на Зоран Петковски, генерацијата 2005 која ја запиша осмата победа сезонава во лигата. Полесно од очекувњата, црвено-црните славеа триумф од 1:8 на гостувањето кај Сарај. Во оваа категорија, првото место и понатаму го држи Кул кој има 28 бодови, втор е Вардар со 24, но и меч помалку имаат вардарци.

2005

Веќе утре играме ново коло, на домашен терен ја пречекуваме екипата на Драчево.