Фудбалскиот клуб Вардар на својата официјална страна објави новост поврзана со младинската школа на клубот, која во иднина ќе има нов координатор
Досегашниот член на стручниот штаб и поранешен капитен на нашиот клуб Златко Таневски е назначен за нов координатор на сите младински екипи на ФК Вардар. Тој до крајот на оваа сезона ќе ги врши и двете функции истовремено.
Вардаровата школа од секогаш била извор на најдобрите таленти во Македонија и со овој потег нашиот клуб покажува дека во иднина сериозен акцент ќе биде ставен на работата со младинските школи.