Во четврток (28.04), генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар ќе ги одиграат одложените натпревари од 4.коло во Регионалната-Скопска Лига против екипата на Работнички.
Натпреварите во четврток ќе се одиграат на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, со почеток од 12:00 и 14:00 часот. Ова коло за Вардар беше одложено минатиот викенд, поради настапот на генерацијата 2008 на меѓународен турнир во Грција.