Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Филип Трајчевски: На нас е да се бориме до самиот крај и да ја завршиме сезоната со двојна круна
Филип Трајчевски: На нас е да се бориме до самиот крај и да ја завршиме сезоната со двојна круна

Филип Трајчевски: На нас е да се бориме до самиот крај и да ја завршиме сезоната со двојна круна

Останува уште едно коло за одигрување во првенството на младинските категории. Две Вардарови генерации се во борбата за титулата во својата конкуренција. Помладите пионери и кадетите ќе се обидат да ја исполнат главната цел за оваа сезона, а тоа е двојната титула.

Кадетите гостуваат во Тетово, на нивниот директен конкурент за трофејот. Избраниците на Марковски имаа три бода предност пред Шкендија, и реми ќе биде доволно да се освои титулата. Секоја победа изразена со било каков резултат, за Тетовскиот клуб ќе значи и освојување на трофејот. Од тука големата важност на овој дуел.

  • Во Тетово не чека еден тежок натпревар, меч кој го одлучува шампионот во кадетската конкуренција. Имаме предност со 3 бода, но тоа не мора ништо да значи бидејќи Шкендија е многу добра екипа и тие имаат иста желба како нашата, да ја освојат лигата. Наше е да се бориме до крај, да не мислиме многу на противникот, судењето и.т.н и да играме како што знаеме. Па боже здравје да ја завршиме сезоната со дупла круна, изјави чуварот на мрежата на Вардар, Трајчевски за Вардарфанс.

Натпреварот ќе се одигра во среда, со почеток од 10 часот.

Звонко Ивановски