Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Во среда и четврток се игра последното првенствено коло, кај младите фудбалски категории
Во среда и четврток се игра последното првенствено коло, кај младите фудбалски категории

Во среда и четврток се игра последното првенствено коло, кај младите фудбалски категории

Во следните два дена ќе бидат познати Шампионите во првенството на младинските фудбалски категории. Две наши генерации(помлади пионери и кадети) се единствените кои ќе се борат да го освојат првенството, во својата конкуренција. Противник на сите наши генерации е екипата на Шкендија.

-Помладите пионери ќе се обидат да забележат победа на дуелот со Шкендија, но истовремено и да чекаат кикс на лидерот на табелата, екипата на Шкупи. Мечот со Шкендија е закажан да се игра во четврток со почеток од 10:00. на теренот на Локомотива. Шкупи има гостување во Куманово, на тимот на Милано. Само еден бод е разликата помеѓу нашиот клуб и клубот од Чаир.

-Пионерите ќе сакаат со победа да ја завршат оваа сезона, која и не се одвиваше ккао што посакуваше оваа генерација. Дуелот со Шкендија ќе се игра во четврток со почеток од 12 часот, на домашен терен.

-Да се биде или не, за кадетите на Фк Вардар , на жешкиот терен во Тетово. Со нерешен резултат, црвено-црните се Шампиони, победа на Шкендија ќе значи прво место. Овој најважен натпревар ќе се одигра во среда. Мечот е закажан за 10 часот.

-Младинците без некакви амбиции ќе влезат во дуелот со своите врсници од Шкендија. Избраниците на Ѓоргиевски имаа многу турбулентна сезона со падови и подеми. Нивниот меч во Тетово е закажан со почеток во 12-00часот.