Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Нина Ладева: Освоеното трето место во Супер-лигата е одличен успех и добра основа за понатамошно надградување на екипата

Нина Ладева: Освоеното трето место во Супер-лигата е одличен успех и добра основа за понатамошно надградување на екипата

Заврши уште една ракометна сезона во младинска конкуренција и супер лигата. Вториот тим на Жрк Вардар предводен од тренерот Симе Симовски се натпреваруваше во двете конкуренции. Нивниот голман, Нина Ладева ги собира впечатоците од изминатата сезона, која за нив беше доста успешна.

-Според мене изминатата сезона за Жрк Вардар беше многу успешна. Супериорно го освоивме младинското првенство, со максимален учинок и во ниту еден момент не беше доведена во прашање нашата лидерска позиција.

Во Супер-лигата на крај завршија како третопласирани зад Шампионот Вардар и првиот тим на Металург, кој успеавме и да го совладаме на домашен терен.

-Ако се земе во предвид дека ние сме млада екипа, мислам дека освоеното трето место во Супер-лигата е одличен успех и добра основа за понатамошно надградување на екипата, чија крајна цел е заземање на вицешампионското место во Супер лигата и успешно преставување на меѓународна сцена, изјави Нина Ладева за нашиот сајт.

Звонко Ивановски