Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за претстојните два натпревари против Австрија (16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за ЕУРО 2020.
На списокот се најдоа и три играчи од редовите на лидерот Вардар. Станува збор за дефанзивците Кристијан Тошевски и Марио Младеновски, како и одличниот напаѓач на нашиот тим и најдобар стрелец во ПМФЛ, Даниел Аврамовски.
Список на сите повикани играчи: