Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Три победи и пораз во дуелите со А. Пандев, тренерот на кадетите Влатко Колев задоволен од борбеноста на својот тим
Три победи и пораз во дуелите со А. Пандев, тренерот на кадетите Влатко Колев задоволен од борбеноста на својот тим

Три победи и пораз во дуелите со А. Пандев, тренерот на кадетите Влатко Колев задоволен од борбеноста на својот тим

Викендов се одигра првото коло во новата натпреварувачка сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Црвено-црните генерации добро ја стартуваа сезоната, забележувајќи три победи и еден пораз. Единствено кои беа поразени беа помладите пионери (0:2). Пионерите на одличен начин ја започнаа одбраната на двојната титула и покрај почетната негатива успеаа во продолжение од мечот со четири погодоци во мрежата на А. Пандев да стават точка на овој натпревар (2:4).

Кадетите и младинците своите натпревари ги одиграа на домашен терен, забележувајќи победи. Големи но и “тешки“ три бода и за двете екипи. Младинците со речиси 12 играчи го одиграа целиот натпревар и тоа со само една замена на стартот на второто полувреме. Веќе во тимот ги нема Апостоловски, Јовановски, Тасевски, Велкоски и Кремчевски. Со екипата подолго не тренира ниту левиот бек Филип Јошевски, додека Ердон Даци е почесто со првата екипа. Сеуште не е решен ни статусот на еден од најдобрите играчи од минатата сезона, Виктор Димков кој сеуште размислува каде да продолжи со активно играње. Со ваков преполовен состав, избраниците на Љупчо Марковски сепак славеа во дербито со А. Пандев и тоа минимално со голот на повратникот Едис Хамзиќ.

Ништо полесна задача немаа ни Вардаровите кадети кои 55 минути играа со играч помалку, откако нивниот играч Џуклески доби црвен картон. Црвено-црните имаа големо враќање на натпреварот, при негатива од 0:1 успеаа да се вратат во мечот и да поведат со 3:2. Тогаш екипата предводена од Влатко Колев беше драстично ослабена поради исклучувањето на својот играч. Сепак успеаа до крај да ја зачуваат предноста, а нивниот тренер со одлична тактичка поставеност имаше голем удел во зачуваното водство, иако играчите беа тие кои ги одработија минутите на теренот.

-И покрај негативата и престрого добиениот црвен картон екипата покажа верба, карактер и сплотеност. Верувавме во себе дека можеме да стигнеме до трите бода, иако не беше лесно цели 55 минути да си со играч помалку на теренот, посебно кога пред себе имаш квалитетн тим како Академија Пандев. Момците покажаа како треба да се игра за Вардар. Изгинаа за секоја топка и дел од теренот. Не е лесно да се носиш со притисокот поради носењето на црвено-црниот дрес. Сакам да им честитам на моите играчи за залагањето и големата победа, изјави Влатко Колев за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски