Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Крстевски и Омерагиќ за триумф на вардаровите пионери во дуелот со Шкупи, црвено-црните се вратија на лидерското место
Крстевски и Омерагиќ за триумф на вардаровите пионери во дуелот со Шкупи, црвено-црните се вратија на лидерското место

Крстевски и Омерагиќ за триумф на вардаровите пионери во дуелот со Шкупи, црвено-црните се вратија на лидерското место

Пионерите на Вардар во вистинско време се вратија на победите во лигата, откако денес на теренот на Академијата ја совладаа екипата на Шкупи, со конечни 2:0 на натпревар од 24.коло.

Вардар стартуваше со следниот состав: Китановски, Петејчук, Гугуљанов, Костовски, Крстевски, Трајановски, Радуловиќ-Величковиќ, Омерагиќ (c), Речица, Салиу, Демири.

По првите 45 минути резултатот беше оној почетниот 0:0, во кои видовме само една поголема шанса на двете страни. Истата ја имаа вардарци преку Далибор Костовски, кој после нафрлена топка од корнер, биеше, но голманот на Шкупи со одлична интервенција спаси негатива за својот тим. Екипата од Чаир имаше два безопасни обиди, над нашиот гол, додека Вардар се обиде преку капитенот Омерагиќ, но немаше прилика за погодок.

На стартот на вториот дел беа направени две измени во нашиот состав. Во игра влегоа Игнатов и Ѓурковски, на местото на Демири и Трајановски. Токму овие двајца играчи внесоа свежина во играта на вардаровите пионери. Најголемата прилика во вториот дел ја имаше Азер Омерагиќ, кој не успева да погоди од добра позиција. Црвено-црните притиснаа на половината на Шкупи и се обидуваа да го отворат резултатот. Тоа се случи кога Виктор Крстевски продре од левата страна, биеше силно, топката заврши во мрежата на Шкупи, за водство од 1:0. Водството на Вардар донесе поголем мотив кај нашите играчи, кои сакаа да псотигнат уште некој гол. Капитенот Азер Омерагиќ не греши од втора, овој пат успешно стрела за водство од 2:0, откако одлична топка му даде Ѓурковски. Во игра кај Вардар влегоа Фазлиу и Исени. Можевме да го зголемиме резултатот, кога Петејчук немаше среќа и ја погоди стативата, додека Леонид Игнатов не успеа да реализира удар од белата точка. Во игра кај Вардар го видовме и Симев. На крајот триумф за Вардар од 2:0.

Со оваа победа се враќаме на врвот на табелата, на која Академија Пандев од вчера беше само за кратко лидер после триумфот на домашен терен против Македонија Ѓ.П. Вардар има предност од еден бод пред струмичани и сега дури пет повеќе од екипата на Работнички, која во ова коло доживеа пораз од тимот на Шкендија, која исто така заостанува пет бода зад Вардар.

Во следното коло пионерските екипи на Вардар ќе гостуваат кај екипата на Македонија Ѓ.П.