Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на РК Бисинов Вардар шампиони во генер.2006/07 во Јуниор лигата
Момците на РК Бисинов Вардар шампиони во генер.2006/07 во Јуниор лигата

Момците на РК Бисинов Вардар шампиони во генер.2006/07 во Јуниор лигата

Денес се одигра големото финале во Јуниор лигата кај момците родени 2006 и 2007 година. Во финалниот дуел одигран во малата сала при СЦ “Јане Сандански“ во Скопје тимот на РК Бисинов Вардар од Велес  дојде до злато откако го совлада тимот на РК Урдаревски Вардар од Скопје.

2-2

Мечот почна со доста борба својствена за едно финале и голем број на изедначувања. Најпрвин беше 1-1, потоа 2-2, 3-3, 4-4, 5-5 и на крајот 6-6. По ова последно изедначување тимот од Велес предводен од Никола Бисинов успеа далеку подобро да го одигра продолжението од првиот дел. На одмор заминаа со два позитива односно на семафорот во СЦ “Јане Сандански“ стоеше 10-8.

1-2

Велешани одлично го отворија и вториот дел тие отидоа и на четири плус откако на самиот почеток поведоа со 13-9 по серија 3-1 за нив. Тие ги држеаа сите конци во рацете, титулата им беше на дофат ја одржуваа предноста постојано, а во финишот и додатно ја зголемија. Дојдоа до златото со пет гола на нивното конто, триумфирајќи со 20-15 во ова финале од Јуниор лигата.