Неверојатно, Грујовска со големо признание, всушност сите факти за нејзината кариера се неверојатни, таа на само 15.годни го допра врвот на државно ниво, стана број еден голман во сениорска конкуренција. Вчера покрај сребрените медали од Купот на Македонија, од Куманово ракометарките на Вардар се враќаат со уште една награда – индивидуална. Симона Грујовска е прогласена за најдобар голман на турнирот. Сосема заслужено најмладата во нашиот состав, и најмладата голманка на целиот турнир дојде до награда. Таа блескаше на целиот Ф-4, а особено во финалето. Одбрани зрело, има само 15.години, а стана најдобар голман во сениорска конкуренција во Република Македонија. Факт пред кој останува само се искаже респект за еден ваков “бисер“ од вардаровата екипа.
Таа имаше неверојатни 24 одбрани, од кој седум за едно полувреме во полуфиналето и спектакуларни 17 во финалниот дуел. Оваа младинска репрезентативка покажа дека е иднината на македонскиот ракомет и дека треба да се смета на неа и во иднина, доколку продолжи вака да напредува само небото е нејзиниот лимит. Вистински спектакал беше финалниот дуел, таа не враќаше во моментите кога имавме негатива, со нејзините одбрани добивавме шанси за да се вратиме резултатски, одигра лидерски, па наградата беше очекувана и поздравена со ракоплескање од гледалиштето.
Нејзин ментор е г-н Александар Царчев, кој секогаш и секаде во изјавите и интервјуата го потенцира како главен “виновник“ за нејзиниот молњевит напредок. Тој работи со неа откако таа дојде во црвено-црниот табор, Грујовска дојде како третт голман во пионерскиот состав и за кратко време стана најдобар сениорски голман во републиката. Царчев е еминентен ракометен стручњак, можеби и најдобар во земјата кога станува збор за тренер на млади голмани, под негово менторство сите напредуваат, се разбира важен дел од мозаикот е нивниот талент и работата кои тие ја вложуваат.