Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > ПОМ.ПИОНЕРИ НА ФК ВАРДАР ГО ПОБЕДИЈА Шкупи И СЕ КРУНИСАА ВО ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА
ПОМ.ПИОНЕРИ НА ФК ВАРДАР ГО ПОБЕДИЈА Шкупи И СЕ КРУНИСАА ВО ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

ПОМ.ПИОНЕРИ НА ФК ВАРДАР ГО ПОБЕДИЈА Шкупи И СЕ КРУНИСАА ВО ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

Помладите пионери на три кола пред крајот се крунисаа во шампиони на Македонија во помладата пионерска-супер лига. Утрово на теренот на Академијата, црвено-црните ја совладаа екипата на Шкупи

Тренерот Деспотовски стартуваше со следните 11-сетмина: Стојковски, Сељанац, Давков, Јовановски, Ѓорѓоски, Трпезановски, Давидовски (c), Андрески, Мирков, Живков, Стојановски.

Вардар беше подобрата екипа на теренот, покрај минималното водство по првото полувреме, црвено-црните имаа уште неколку шанси за постигнување на гол. Првата поконкретна прилика ја имавме преку Георг Стојановски, кој биеше, но еден од играчите на Шкупи во последен момент ја исфрли топката од гол линијата, па го слави својот тим од негатива. Екиапта од Чаир се обидуваше да даде отпор, потроши премногу енергија на теренот, но ниту во еден момент не успеаа да создадат поголема прилика за погодок. Кај Вардар обид имаше Мирков, кој бие силно, но голманот на Шкупи одбрани со крајни напори, додека Стојановски пак се најде во шанса, откако повлече Јовановски по десната страна, додаде до Гео, овој бие од прва по земја, но голманот на гостите е на вистинското место. Дефинитивно Стојановски беше главната опасност за противничката екипа, откако добра топка му даде Давков, нашиот напаѓач шутира, но брани голманот. Се обиде и Шкупи од прекин, од некаде 25.метри бие еден од нивните играчи, но одбрани Лука Стојковски. Кај црвено-црните од слободен удар се обиде Мирков, кој бие за малку над голот. Во последните пет минути од првиот дел, Вардар ја крунисува со гол иницијативата, откако Георг Стојановски најдобро се снајде, ја погоди мрежата за водство од 1:0.

Избраниците на Деспотовски беа далеку подобри и во вториот дел кога успеаа да постигнат уште два нови гола. Георг Стојановски повторно одигра одличен меч, па за неговиот втор гол денес успеваме да зголемиме на 2:0. На голот претходеше одземена топка од Живков, кој додаде до Гео, овој повторно со чуство на врвен голегетер ја смести топката во мрежата на Шкупи. На стартот на вториот дел беше направена измена кај Вардар, на местото на Трпезановски во игра влезе Ѓорѓиевски.  Поради играње со рака во нашиот шеснаестник, главниот судија покажа на белата точка, Шкупи реализира за намалуавње на 2:1. Во продолжение од мечот, Грегори Давков се обиде од слободен удар, но одбрани голманот, додека можевме лесно да ја зголемиме предноста, но Славче Живков немаше среќа кога ја погоди само пречката. Од игра излезе Живков, на негово место на теренот е Тасевски. Сите дилеми за освојување на трите бодови ги реши Антонио Мирков кој го зголеми резултатот на 3:1. Акција од фудбалските учебници за момците на Деспотовски, Стојановски несебично додаде до Мирков, овој немаше проблеми да погоди, за зголемување на резултатот. Стојановски Георг имаше зицер позиција да го зголеми резултатот, но одбрани гостинскиот голман. До крајот на мечот во игра кај Вардар влегоа Исмаиљи, Марковски, Лозановски и Саит. Мора да одбележиме и прекрасна интервенција на Лука Стојковски, кој спаси сигурен гол за гостите, откако еден од нивните играчи упати силен удар, Лука сепак интервенираше во негов стил. Крај на мечот и триумф за Вардар од 3:1.

Со оваа победа, помладите пионери на Вардар на три кола пред крајот станаа Шампиони на Македонија, со оглед дека прилепска Победа вчера загуби на гостувањето кај Брегалница, по што Вардар има недостижна разлика од 10 бодови. За оваа генерација на Вардар останува и борбата за трофејот во купот, каде во големото финале ќе играат против екипата на А.Пандев.