Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците од РК Будимир генер.2006/07 дојдоа до “бронза“ по драматичен пресврт
Момците од РК Будимир генер.2006/07 дојдоа до “бронза“ по драматичен пресврт

Момците од РК Будимир генер.2006/07 дојдоа до “бронза“ по драматичен пресврт

Во дуелот за “бронза“  на завршниот Ф-4 од Јуниор лигата  се сретнаа тимовите на РК Будимир Вардар и РК Ангели од Скопје. Тимот предводен од А.Будимир дојде до победа и бронзени медали со пресврт во вториот дел. Тие на ова мало финале победија со 14-11 на крајот.

3-2

Првиот дел започна со почетни 1-1, потоа постојано беше реми се до резултат 5-5.  Тимот на Ангели Вардар подобро се снајде во финишот и со серија 1-3 успеа да обезбеди водство од 6-8. Токму со овој резултат на семафорот во Јане Сандански се замина на одмор, на оваа средба за 3то место кај момците родени 2006 и 2007.

9-2

Во вториот дел Ангели поведоа на самиот почеток и со три гола односно со резултат 6-9 најавувајќи дека ќе атакуваат на победа на овој меч. Момците на Будимир се “разбудија“ и тргнаа во пресврт, тие пред финишот со серија 6-2 го преземаа водството и поведоа со гол предност, 12-11. Противникот се обиде да се врати во игра ама не изнајде сили, победникот на овој дуел триумфираше со 14-11. Честитки за освоеното 3.то место за тимот на РК Будимир Вардар.

1-2