Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Антовски, Велковски и Бериша забележаа настап за репрезентацијата У -17 на двомечот со Словенија, Велковски атрактивно одбрани пенал

Антовски, Велковски и Бериша забележаа настап за репрезентацијата У -17 на двомечот со Словенија, Велковски атрактивно одбрани пенал

Нашата фудбалска репрезентација до 17 години одигра  два контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија, истите се играа теренот на  тренинг центарот “Петар Милошевски“ . Овие натпревари се подготовка за квалификацискиот турнир, кој во периодот од 26-31 октомври ќе се игра во Италија.

Селекторот Добринко Илиевски во составот на црвено-жолтите повика тројца играчи на ФК Вардар, голманот Методија Велковски и неговите соиграчи од пионерската екипа, Филип Антовски и Јакуп Бериша. Овие момци се стандарни во составот на тренерот Сашо Тодоровски. Сите наши момци забележаа настапи за црвено-жолтите.  На првиот меч од овој двомеч со словенците одигравме реми 2-2, во тој меч губевме 2-0 сепак се вративме и изедначавме. Во вториот меч црвено-жолтите беа поразени минимално 1-0, сепак поразот ќе беше повисок ако голманот на вардаровите пионери  Методија Велковски не одбранеше одлично пенал во 30 минута од мечот вчера. Тој доби шанса да го брани цел втор меч. Другите двајца вардарци  Филип Антовски и Јакуп Бериша беа стартери и одиграа два одлични меча.