Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Величковски, Стојилевски и Здравковски со повик за Македонија У17, за контролните дуели со Црна Гора
Величковски, Стојилевски и Здравковски со повик за Македонија У17, за контролните дуели со Црна Гора

Величковски, Стојилевски и Здравковски со повик за Македонија У17, за контролните дуели со Црна Гора

Репрезентацијата на Македонија до 17 години во периодот од 3 до 7 април ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора.

Нашата селекција двата контролни меча против Црна Гора ќе ги одигра во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Првиот дуел помеѓу овие две репрезентации е закажан на 5. април со почеток од 15. часот. Два дена подоцна на програмата е втората средба со почеток од 11. часот.

Селекторот на нашата млада репрезентација, Тони Јакимовски за овие натпревари повика и тројца играчи од редовите на Вардар. Тоа се Никола Величковски, Марко Стојилевски и Симеон Здравковски.