Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Вардаровите младинци ја наполнија мрежата на ФК Скопје
Вардаровите младинци ја наполнија мрежата на ФК Скопје

Вардаровите младинци ја наполнија мрежата на ФК Скопје

Младинците на ФК Вардар стигнаа до убедлива победа на контролен натпревар против екипата на Скопје. Момците на Никола Глигоров славеа убедливо со резултат 8:1, на натпревар кој се одигра на спортскиот комплекс во населбата Хиподром.

Самиот резултат говори за доминацијата на вардарци на овој натпревар. По првото полувреме имавме високо водство од 4:0. Антонио Мирков беше стрелец на првите два гола со кои му донесе водство на Вардар од 2:0. Во првиот дел противничката мрежа ја погодија уште и Филип Ѓоргоски за 3:0 и Славче Живков за 4:0.

Во вториот дел исто така имаше голеада во мрежата на Скопје, иако противникот беше тој што отвори со погодок во овој дел од натпреварот, кој до крајот се покажа и како единствен за нив, со кој намалија на 4:1. Мирков со својот хет-трик зголеми на 5:1, додека следеа два гола за Лео Андрески, со кои црвено-црните поведоа со 7:1. Конечните 8:1 на овој пријателски натпревар ги постави Мартин Илиевски,  новото засилување за младинскиот состав.

Вардар: Гошевски, Трпезановски, Ѓоргоски, Гроздановски, Ричков, Каровски, Марковски, Здравковски, Андрески, Живков и Мирков.

Влегоа уште и Саит, Трајковски и Илиевски.