Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар во Европската младинска лига го совлада Хонвед
Вардар  во Европската младинска лига го совлада Хонвед

Вардар во Европската младинска лига го совлада Хонвед

Помладите кадети на Вардар (М14) оствари триумф во првиот натпревар од Европската кошаркарска младинска лига (EYBL).

На отворањето на квалификацискиот турнир што се одржува во Будимпшета, „црвено-црните“ убедливо го совладаа домашниот тим Хонвед со 75-63. Клучната разлика Вардар ја направи во последните пет минути кога отиде на двоцифрена предност и мирно го приведе натпреварот кон крај.

Двајца кошаркари имаат најголема заслуга за победаta бидејќи постигнаа 51 од вкупно 75 поени на тимот. Капитенот Љубен Ефтимовски реализира 30 со исклучително добар шут за два (15/18), а Жарко Терзиевски додаде 21 со 8 украдени топки и 6 блокади. За истакнување е и играта на Григориј Ѓорѓевиќ кој постигна 7 поени, но и 12 скока и 8 асистенции.

Вечерва од 19 часот Вардар игра со уште еден унгарски тим МАФЦ