Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедливи победи за ФК Вардар генер. “2004„ и “2005„ во дуелите со Драчево Јуниор
Убедливи победи за ФК Вардар генер. “2004„ и “2005„ во дуелите со Драчево Јуниор

Убедливи победи за ФК Вардар генер. “2004„ и “2005„ во дуелите со Драчево Јуниор

Вардаровите генерации “2004„ и “2005„ стигнаа до нови победи во рамките на регионалната-скопска лига. Тие славеа на гостувањето кај екипата на Драчево Јуниор.

Вардаровата генерација “2005„ предводена од Сашо Јанев стигна и до десеттиот последователен триумф, откако ја совладаа екипата на Драчево Јуниор, со резултат 1:6. Црвено-црните уште во 5.минута од мечот успеаа да го отворат резултатот и да поведат со 0:1 со голот на Влатко Кукуловски. Сепак домашниот тим успеа за брзо да го возврати ударот и во 10.минута да постигне израмнувачки гол за 1:1. Кратко траеше радоста на противникот, со оглед дека за само две минути успеавме да псотигнеме два гола. Водството од 1:2 го врати Филип Јовановски, додека предност од 1:3 со својот прв гол денес донесе Горјан Цветков. Со овој резулат се замина на полувреме.

Со вториот погодок на Цветков, Вардар во 66 минута поведе со 1:4. До крајот на натпреварот постигнавме уште два нови голови. Во листата на стрелци се запиша и Тино Спасиќ за водство од 1:5 во 72 минута, додека конечните 1:6 на мечот ги постави Филип Радевски во 75 минута.

Вардар: Илиевски, Николовски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Гаштаров, Лефковски, Цветков, Кукуловски, Таневски, Јакимовски.

Во игра влегоа уште и Сековски, Ристовски, Калановски и Радевски.

До висок триумф стигна и вардаровата генерација “2004„ која го совлада противникот со резултат од 0:5, од кои четири голови беа на Бесар Гуџуфи. По првото полувреме имавме минимално водство од 0:1 со голот на Гуџуфи во 15 минута од мечот. Домашниот тим издржа само едно полувреме, додека во вториот дел, избраниците на Георгиевски ја наполнија нивната мрежа. Во 56 минута гол постигна нововлезениот Стефан Стојановски, кој ја зголеми предноста на 0:2. До крајот на мечот видовме гол-шоу на Гуџуфи,  кој постигна три гола и тоа во 68, 73 и во 75 минута од натпреварот. На тој начин, црвено-црните ја запишаа осмата поеда во лигата.

Вардар: Ангелов, Љушев, Анчевски, Хајдари, Серафимов, Јаневски, Павлески, Идризи, Гуџуфи, Дошев, Ибраим.

Во игра влегоа уште и Сиљановски, Стојановски и Попов.