Во големата сала на С.Ц. Јане Сандански се одиграа два натпревари во “Јуниор Лигата„ во женскиот дел кај генерацијата родени 2006/07 година. До победи стигнаа екипите на РК Будимир и РК Кале.
На првиот натпревар се сретнаа екипите на Ново Лисиче и Кале Вардар, а поуспешни беа девојките од Кичево, кои во текот на целиот меч беа во предност. Резултатска рамнотежа имаше во првите пет минути кога резултатот беше 2:3, а по првото полувреме тимот на Кале имаше предност од 3:6.
Првиот гол во вториот дел го постигна Ново Лисиче за намалување на 4:6, но во следните пет минути, екипата на Кале направи серија од 1:5 и поведе со 5:11, што беше пресудно за конечниот победник. Немаше неизвеснот со крајот, Кале слави триумф со резултат 9:15.
Во вториот меч, екипата на Будимир во еден интересен натпревар беше подобра од Делчево, совладувајќи ја со резултат 9:7. Избраничките на Будимир први го отворија резултатот, но следеше мини серија на Делчево, за прво водство од 1:2. Сепак до крајот на првото полувреме, девојките на Будимир беа подобри и со серија од 4:1 на полувреме имаа водство од 5:3.
На стартот од второто полувреме, екипата на Будимир постигна три последователни голови и стигна до осетна предност од 8:3, која Делчево не беше во можност да ја стигне. Имаше Будимир и водство од 9:5, но Делчево ги постигна последните два гола, за да го ублажи поразот на 9:7.