Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар – Пелистер со директен пренос на македонската телевизија
Вардар – Пелистер со директен пренос на македонската телевизија

Вардар – Пелистер со директен пренос на македонската телевизија

Кошаркарите на Вардар денеска го пречекуваат тимот на Пелистер во рамките на седмото коло од Првата Македонска кошаркарска лига.

По минатонеделната прва победа во лигата, црвено – црните ќе се обидат да стигнат до втор триумф во низа против уште еден директен конкурент за обезбедување на опстанокот сезонава. Пелистер во овој момент е на скор од 1-5, а пак нашиот тим на скор од 1-4.

Натпреварот во кој двата клуба немаат право на грешка е со почеток од 17 часот и 30 минути на „Кале“, но и со директен пренос на македонската телевизија.