Денес на терените на ФФМ започнаа елиминациските натпревари во рамките на детската фудбалска лига. Генерацијата 2008 успешно ја помина првата препрека, откако славеше во дуелите со екипите на Нова Колонија и Волково.
Немавме проблеми во двата дуели и славевме убедливи победи. Најпрво на теренот излезе Вардар (1) кој за противник ја имаше екипата на Нова Колонија, меч кој го добивме со резултат . Првиот обид го имаше тимот на Колонија, но одбрани Лука Грчевски. Вардар ја имаше првата голема прилика за отварање на резултатот, но немавме среќа, кога Стефан Бранковски ја погоди само пречката од голот. Напаѓавме со цел да да постигнеме гол, додека противникот длабоко се бранеше на својата половина. Азизи биеше силно, но голманот одбрани со крајни напори, додека Дамјаноски биеше од прекин покрај голот. Обид имаше и Матео Кесиќ, но се уште немаше предност. Успеваме да го отвориме резултатот, откако мрежата на Нова Колонија ја затресе Арти Азизи, за предност од 1:0. Не се чекаше многу на вториот гол, истиот го постигна Ненад Дамјаноски кој бие по земја, за водство од 2:0. Повторно Азизи се закани, но шутираше покрај голот, додека добра прилика имавме и преку Стефан Бранковски, кој шутира за малку крај голот. Нашата дефанзивна линија со Кесиќ и Бојковски исто така функционираше одлично. Продолжи голеадата на вардарци, најпрво Азизи зголеми на 3:0, додека со вториот гол на Дамјаноски имавме водство од 4:0. До крајот на првото полувреме постигнавме уште два гола, а истите беа дело на Ненад Дамјаноски, за кој ова беше четврти гол, па така на кратка пауза се замина со наше водство од 6:0.
Немавме проблеми ниту во вториот дел, избраниците на Колев Влатко ја контролираа играта и создаваа постојано шанси за голови. Првата прилика во вториот дел ја имаше Арти Азизи, чиј удар го брани голманот, додека Лука Трпевски беше играчот кој се запишува во листата на стрелци, за зголемување на 7:0. Азизи немаше среќа кога ја погоди стативата, но истиов играч во следниот обид ја тресе мрежата на Н.Колонија за 8:0. Одличен гол, прв на денешниот дуел за Матеј Киш, кој пласира од прекин за водство од 9:0, додека прв гол успева да постигне и стоперот Матео Кесиќ, за водство на Вардар од 10:0. До крајот на мечот постигнавме уште два гола. Најпрво од пенал, Стефан Бранковски зголеми на 11:0, додека конечните 12:0 беа дело на Арти Азизи.
До убедлив триумф стигна и екипата на Вардар (2) која беше подобра од тимот на Волково. Иван Ташовски беше играчот кој го упати првиот директен удар на овој меч. Вардар поведе со 1:0, со авто гол на противникот, но удар упати Ташовски, а играчите на Волково сами си ја сместија топката во мрежата. Се обиде и Коста Бошковски, но одбрани противничкиот голман. Петар Блажевски денес одигра одличен меч и го имаше речиси по целиот терен, токму со неговиот гол успеваме да зголемиме на 2:0, додека Бошковски Коста со силен удар зголеми на 3:0. Бевме доминантни, едноставно Волково немаше квалитет да се носи со вардарци, кои беа разиграни и на овој меч. Одлична акција, во која Шотаровски додаде до Блажевски, овој погоди за водство од 4:0. Постигнавме уште два гола во првите 25 минути. Со голот на Иван Ташовски веќе имаме предност и од 5:0, додека Коста Бошковски погоди за 6:0, откако беше досуден индиректен удар за црвено-црните. Имавме голема прилика за уште еден гол, но Шотаровски ја погоди пречката.
И во вториот дел бевме подобри на теренот и ја полневме противничката мрежа. Прв обид имаше Стамчевски, додека Волково успев да постигне гол и да намали на 6:1. Во листата на стрелци во вториот дел се запиша и Бојан Пешов, гол со кој зголемивме на 7:1. Вардар се изнададе голови и на овој натпревар, повторно во акција и стрела Петар Блажевски за водство од 8:1, додека истиов играч во следната акција ја погоди пречката. Марко Шотаровски е следниот кој постигна гол, за зголемување на 9:1, додека со првиот гол на Стефан Марковски и тоа од пенал, поведуваме со 10:1. Во последната минута беше досуден пенал за Волково, кој го реализирааат за конечни 11:2 на овој меч.