Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Финалеее…. Пионерките покажаа дека против тимскиот дух нема отпор, обезбедија дуел за злато на Ф4 во Делчево
Финалеее…. Пионерките покажаа дека против тимскиот дух нема отпор, обезбедија дуел за злато на Ф4 во Делчево

Финалеее…. Пионерките покажаа дека против тимскиот дух нема отпор, обезбедија дуел за злато на Ф4 во Делчево

Финале…денес Ракометниот тим Вардар ќе атакува на третти пехар. Покрај Куп финалињата на двете сениорски екипи, финале попладнево ќе одигра и пионерската екипа на ЖРК Вардар. Девојките на Платон и Папуџиева на Ф-4 турнирот во Делчево, во полуфиналето се сретнаа со тимот на ЖРК Сани. Сосема очекувано најдобрата екипа во пионерскиот регуларен дел победи, одигравме тимски онака како што инсистира предводникот од клупата на црвено-црните. Победата дојде со високи 26-14.

Отворија двевете екипи на почетокот со по еден гол за почетни 1-1, потоа следеше наш период. Во одбраната заигравме поангажирано, нашиот голман беше совладан само еднаш, а нападот “испорача“ шест гола за предност со пет позитива, 7-2. Ривалот на нашите девојки немаше шанси против тимската игра на црвено-црниот тим, ние умешно ја чувавме предноста и постојано ја зголемувавме. На одмор заминавме со седум гола предност, односно веќе најавивме финале. За време на паузата на семафорот во салата во Делчево стоеше, 15-8 за нас.

pionerki-660x3301-660x330-660x330

Вториот дел  го отворивме фуриозно и ја пробивме двоцифрената граница, со серија 4-0 на самиот почеток поведовме со 11 гола повеќе, 19-8. Дуелот беше добиен, финалето визирано, па стручниот штаб нормално ги штедеше силите, искористи ротација во составот. Сепак ја одржувавме двоцифрената предност, што покажува дека сите девојки беа на висина на задачата. Победата дојде со повеќе од двојно постигнати голови за нас, односно со резултат 26-12.

Головите беа правилно распоредени кај повеќето девојки, капитенот Алекс Коловска имаше пет гола, Коцева Бојана постигна четири, Пешиќ Мила и Андовска Зорица погодија по три пати, два гола зад своето име имаа Равојска, Тошевска и Ангеловска. Еднаш умешни беа Максимовска и Милакова.

Во големото финале за пехар ќе се сретнеме со тимот на ЖРК Стужанка кој во возбудлив дуел во полуфиналето го совлада тимот на домаќинот, РК Делчево по изведување пенали откако по регуларните 40.минути беше реми 17-17.