Денес во С.Ц “Јане Сандански“ се одиграа последните дуели во генерација родени 2010 во мини-ракомет. Најмладите ракометари повторно ја покажаа својата вештина на Ф-4 завршниот турнир во Јуниор лигата. Ова се нивни последни дуели, на завршната церемонија ќе примат дипломи за учество, бидејќи во оваа генерација сите се победници.