Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Уште еден успешен Црвено – Црн викенд!

Уште еден успешен Црвено – Црн викенд!

Уште еден успешен црвено – црн викенд за вардаровото семејство. Фудбалерите на ФК Вардар како и вообичаено, продолжуваат да ”газат” во домашното првенство. Момците на ФК Вардар овој пат го поразија тимот на Брегалница од Штип со резултат 3:1. Со оваа победа нашиот тим се одлепи на првенствената табела на +3 во однос на најголемиот конкурент за титулата екипата на Шкендија. Овој викенд фудбалерите на ФК Вардар одмараат, поради репрезентативните обврски.19

Додека пак, девојките на ЖРК Вардар се погрижија за одличен викенд, 2/2. Девојките на Вардар убедливо со десет голови разлика го победија Митјиланд на гостински терен во Данска, и си обезбедија нови два, за вкупно четири бода, кој ќе ги пренесеме во следната рунда. Овој викенд девојките на Вардар, гостуваат во Унгарија, кај екипата на Ѓер.