Се комплетираше вчера 4 коло на женската Лига на шампионите, по него Вардар и уште други шест екипи и теоретски обезбедија пласман во следната фаза т.н главната фаза. Во вчешниот дуел нашите девојки повторно го победија по вторпат дански Митјиланд.
Нашите девојки имаат заедно со Ѓер по шест бода и виза за во “главната фаза“, а таму се формираат две нови групи со вкрстување на екипите од групите А и Б и на Ц и Д. Во новите групи се пласираат по три екипи од секоја сегашна група. Во двете новоформирани групи во женскиот сегмент од ЕХФ Лигата на шампионите ќе се пренесат бодовите освоени во дуелите со екипите од сопствената група што исто така се минале во Главната рунда. Покрај нашиот црвено – црн женски ракометен шампион ова се шесте екипи кои идат веќе теоретски понатака : ФТЦ Будимпешта, Ѓер, Ростов, Ларвик, Будуќност и ЦСМ Букурешт .