Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Уште една голема надеж го напушти Вардар, Бесар Гуџуфи е нов играч на Беласица
Уште една голема надеж го напушти Вардар, Бесар Гуџуфи е нов играч на Беласица

Уште една голема надеж го напушти Вардар, Бесар Гуџуфи е нов играч на Беласица

Додека се реши иднината на ФК Вардар, покрај тоа што заминуваат играчи од сениорскиот тим и младинската школа на Вардар доживува загуби. Уште еден млад, квалитетен и надежен играч се реши да го напушти Вардар и да ја промени средината.

belasica-800x640

Од денес и официјално, Бесар Гуџуфи е претставен како ново засилување на екипата на Беласица. Гуџуфи кој е роден 2004 година сезонава настапуваше паралелно за кадетскиот и младински состав на црвено-црните, а во есенскиот дел беше и најдобар стрелец на младинците. Во 2018 година дебитира и за националната репрезентација на Македонија, од тогаш континуирано добива повици во младинските категории на Македонија.

Сезонава имаше настап и за првиот тим на Вардар, во рамките на 1/16 финалето од Купот, кога успеа да погоди во пенал рулетот против екипата на Вардар Форино. Несомнено, Вардар загуби уште еден голем бисер, кој без никакво обештетување преминува во друг клуб.