Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ најдобар стрелец во триумфот на Хрватска, Валчак го постигна првиот гол на СП
Чупиќ најдобар стрелец во триумфот на Хрватска, Валчак го постигна првиот гол на СП

Чупиќ најдобар стрелец во триумфот на Хрватска, Валчак го постигна првиот гол на СП

Репрезентацијата на Хрватска стигна до првата победа на мундијалот во Египет, откако беа подобри од селекцијата на Ангола. Интересно до триумф избраниците на Червар стигнаа со подобра игра во второто полувреме.

Во текот на првите 30 минути, селекцијата на Ангола одржуваше резултатска неизвесност и имаше контрола на резултатот, дури во еден момент имаше и позитива од два гола. На крајот од првиот дел, Хрватска имаше минимално водство од 11:12.

На стартот од вториот дел, момците на Червар направија серија од 0:4 и се одлепија на пет гола разлика. Од тој момент, Хрватска го диктираше темпото на игра и не дозволи изненадување како на дуелот со Јапонија. На крајот испадна и убедлива победа со резултат 20:28.

Единствениот играч во оваа репрезентација кој е од редовите на Вардар, Иван Чупиќ беше најдобар стрелец со 6 постигнати голови од 7 обиди кон противничкиот гол.

Уште еден ракометар на Вардар настапи на вчерашните натпревари, тоа е Патрик Валчак кој го запиша првиот гол на СП. После голема борба Полска беше минимално поразена од селекцијата на Шпанија, која ја оствари првата победа. Во најголем дел од првото полувреме, „фуријата“ беше во предност, најголемата разлика беше четири голови, додека на одмор се замина со резултат 11:14.

Шпанија во вториот дел имаше и водство од 13:18, но борбената репрезентација на Полска не се откажа и го сврте резултатот во своја корист кога поведе со 20:19. До крајот на натпреварот, Шпанија повторно поведе со два гола, кои беа доволни на крајот да се стигне до триумф со резултат 26:27.

Валчак беше во листата на стрелци, постигнувајќи еден гол, што беше негов прв на СП.