Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Денес, двете екипи на ЖРК Вардар ги „палат моторите“
Денес, двете екипи на ЖРК  Вардар ги „палат моторите“

Денес, двете екипи на ЖРК Вардар ги „палат моторите“

Денес завршува зимската пауза на двете екипи во женскиот ракометен тим „Вардар“. Сениорската и кадетската екипа денес ќе ги „запалат моторите“ на првиот собир во 2021 година.

Повозрасните предводени од Драгана Ристова во Спортскиот центар “Јане Сандански“ својот прв ракометен час ќе го имаат напладне (12:00 часот). Тие започнуваат со пролетните подготовки како 4-то пласирани на табелата, место на кое се пласираа оваа есен. Ристова ќе работи без Александар Царчев за почеток бидејќи тренерот на голманите е во Египет каде што е дел од стручниот штаб на Македонската А-селекција на Светското првенство.

Кадетките на Платон Анжела и Папуџиева Марија својот прв трениг ќе го имаат втори, нивниот прв собир е закажан за во 13 часот и 30 минути. Пред нив се подготовки за евентуалните пролетни предизвици во лигите за кои се очекува додатно дефинирање.