Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Уште на стартот да докажеме кој е кој и оваа сезона
Уште на стартот да докажеме кој е кој и оваа сезона

Уште на стартот да докажеме кој е кој и оваа сезона

Денешниот ждреб во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија сакаше и оваа сезона, идентично како и минатата, силите на стартот да ги одмерите со лутите ривали Шкендија и шкупи. Минатата сезона исто така отворивме на домашен терен против шкупи, на кој одигравме само 2:2, а на следниот натпревар, како гости во Куманово, ја ”разнесовме” Шкендија со 3-1.

vardarfans-vardar-skendija

Овој пат и двата воведни натпревари против овие екипи ќе се одиграат на наш терен. Стартуваме на 7 август (недела) против чаирчани. Но како што е добро познато, бидејќи имаме суспензија на нашиот терен, овој натпревар најверојатно ќе го одиграме во Пробиштип. Следниот, е оној вистинскиот и тоа против директниот конкурент за титулата и оваа сезона тимот на Шкендија. Со тетовчани ќе се судриме на 14 август (недела) на нашиот Градски стадион во Скопје.

Очекуваме и на двата натпревари нашите момци да покажат дека и оваа сезона се најголеми и недостижни конкуренти за титулата.