Довчерашниот капитен на ракометниот клуб Вардар, Филип Лазаров е нов член на Темишвар од Романија. Филип се одлучи на интернационална кариера во екипа, која минатата сезона беше третопласирана во романското првенство. Инаку таму веќе е уште еден поранешен Вардарец и тоа голманот Златко Даскалоски, кој имаше одлична сезона на голот на романскиот тим.
Нашата редакција му посакува многу среќа и успех во новиот клуб на Филип Лазаров.